• сабота, 23 ноември 2024

Атал: Нападите на железницата имаа една цел - да ги блокираат возовите за Париз пред Олимпијадата

Атал: Нападите на железницата имаа една цел - да ги блокираат возовите за Париз пред Олимпијадата

Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Францускиот премиер Габриел Атал денеска изјави дека саботажата што ги погоди клучните делови на француската железничка мрежа пред Олимписките игри имала „јасна цел - да ја блокира мрежата на брзи возови“.

Тој рече дека „вандалите“ стратешки ги нападнале главните рути од север, исток и запад кон Париз, неколку часа пред свеченото отворање на Олимпијадата.

Зборувајќи со новинарите, Атал рече дека ќе има „огромни последици“ бидејќи стотици илјади луѓе се блокирани обидувајќи се да стигнат до Париз. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан