Аталанта постави цена на Лукман
- Италијанска Аталанта ја цени својата ѕвезда, Адемола Лукман на 50 милиони евра, пишува весникот „Кориере дело спорт“.
Бергамо, 15 ноември 2024 (МИА) - Италијанска Аталанта ја цени својата ѕвезда, Адемола Лукман на 50 милиони евра, пишува весникот „Кориере дело спорт“.
Напаѓачот одлично ја започна оваа сезона, постигнувајќи 8 гола и 5 асистенции на 14 натпревари во сите натпреварувања.
Лукман веќе привлече интерес од неколку европски тимови, вклучувајќи го и францускиот Пари Сен Жермен, но клубот од Бергамо минатото лето го убеди да остане.
Договорот на Лукман со Аталанта истекува во јуни 2026 година, а италијанскиот тим има и опција да го продолжи на уште една сезона, со што платата на играчот ќе се зголеми на 2 милиони евра.
Сега заинтересираните за потписот на за 27-годишниот напаѓач ќе треба да платат најмалку 50 милиони евра, кој во Аталанта дојде од РБ Лајпциг за само 9,3 милиони евра во летото 2022 година. дс
Фото: Архива