• сабота, 23 ноември 2024

Аталанта бара 40 милиони евра од ПСЖ за Лукман

Аталанта бара 40 милиони евра од ПСЖ за Лукман

Бергамо, 19 август 2024 (МИА) - Италијанскиот фудбалски клуб Аталанта бара најмалку 40 милиони евра за да го продаде крилниот напаѓач Адемола Лукман, пишуваат медиумите од Апенините. Од Бергамо се многу вознемирени што заинтересираните за потписот на играчот, Пари Сен Жермен, најпрво му пришле на играчот, нудејќи му двојно поголема плата.

Лукман постигна „хет-трик“ во победата во финалето на Лига Европа над Баер Леверкузен минатата сезона и стартуваше во натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Реал Мадрид во среда.

Сепак, тој не е во составот за вечерашното гостување кај Лече во Серија „А“ поради информациите дека побарал трансфер.

„Калчомеркато“ тврди дека ПСЖ му понудил на Лукман договор вреден 4,5 милиони евра по сезона, што е повеќе од двојно зголемување на неговата сегашна плата во Бергамо од 1,8 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан