• недела, 28 јули 2024

Асфалтирање на улици во Марино, општина Илинден

Асфалтирање на улици во Марино, општина Илинден

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Асфалтирани четири краци на улица „531“ во населено место Марино, со вкупна површина од околу 800 квадратни метри, информираат од Општина Илинден.

- Увид на терен за работните активности изврши градоначалникот на општината Александар Георгиевски, кој истакна дека еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа е подобрување на патната инфраструктура. Денеска се асфалтираше на краци од улица „531“, а работните активности во наредниот период ќе продолжат во населено место Кадино, соопштуваат од локалната самоуправа.

Оттаму, известуваат дека во изминатиот период биле асфалтирани девет краци на улица „11“ во Илинден, крак на улица „9“ кој се наоѓа зад црквата „Св. Константин и Елена“, крак 10 на улица „11“, а покрај асфалтирање се работи и на тампонирање и санација на улици.

-На овој начин се подобрува патната инфраструктура, како и квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден, велат од општината. ир/нд/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан