• недела, 28 јули 2024

Асфалтирање на тротоар на улица „Трифун Бузев“ во Карпош за поголема безбедност на пешаците

Асфалтирање на тротоар на улица „Трифун Бузев“ во Карпош за поголема безбедност на пешаците
Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) - Општина Карпош започна со асфалтирање на тротоарот долж улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4. Целта на оваа инфраструктурна активност е да се зголеми безбедноста при движење на пешаците, особено на најмладите кои учат во основното училиште „Петар Поп Арсов“, информираат од општината. Оваа улица, неодамна, локалната самоуправа целосно ја реконструираше. Општината е во процес и на поставување на „лежечки полицајци“, непосредно до училиштето, на улиците „Волгоградска“ и „Разловечко востание“, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на Карпош.ир/дма/

Остани поврзан