• четврток, 26 декември 2024

Асфалтирање на нови седум улици во Стопански двор во Ѓорче Петров

Асфалтирање на нови седум улици во Стопански двор во Ѓорче Петров

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Во Општина Ѓорче Петров денеска почна асфалтирање на улицата 52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата ќе добие нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина.

Од Општина Ѓорче Петров соопштија дека досега самостојно реконструирале над 60-тина улици, со што значително е подобрена инфраструктурата.

-Пружената рака со граѓаните е наша заложба дека ќе го решиме нивниот проблем. Никогаш не ветувам ако не можам да остварам, и никогаш не отстапувам ако ветам. Денеска на мое задоволство остваривме уште едно ветување за кое долги години се бараше решение, проблем кој се провлекуваше со години и никој сериозно не се заложи да им го реши на граѓаните на улицата 52 во Стопански Двор, рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој истовремено најави и нова градежна офанзива во сите делови на Ѓорче Петров.

-Ве уверувам дека лошата патна инфраструктура во нашата општина ќе биде минато, подвлече Стојкоски.бт/цр

Фото: Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан