Асфалтиран патот од Ресава до Косовец крај Тиквешко Езеро
- Асфалтиран е патот од селото Ресава до викенд населбата Косовец крај Тиквешко Езеро, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 26 февруари 2025 (МИА) - Асфалтиран е патот од селото Ресава до викенд населбата Косовец крај Тиквешко Езеро, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-На лице место претходно се изврши одводнување и тампонирање. Станува збор за проект што е инвестиција од Влада со пари од унгарскиот заем, во висина од 12.100.000,00 денари со ДДВ, додека изведувач на работите беше фирмата Градба промет, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму потсетија дека пред три години, на оваа локација се постави водоводна линија, за вода за пиење. свд/вј/
Фото: МИА архива