• четврток, 26 декември 2024

Асфалтиран крак од улицата 51 во населеното место Стопански Двор

Асфалтиран крак од улицата 51 во населеното место Стопански Двор
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве го асфалтираа десниот крак од улицата 51 во населеното место Стопански Двор во општина Ѓорче Петров.
-Кракот од улицата 51 е на вкупна површина од 490 квадратни метри и истиот е со должина од 140 метри и широчина од 3,50 метри. Во наредните денови ќе се работи на изградба и на останатите два краци од улицата 51, на која се вршат подготовките на површината за асфалтирање, информиртаат од ЈП „Улици и патишта".
Од почетокот на оваа градежна акција, како што се наведува во соопштението, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населеното место Кисела Јабука, улиците 3, бб, 73, 21, 23, 77, улица 100 десен крак и крак 1 крак 2 и крак 3 од улица 81 во населеното место Волково, како и улица 1 лев крак и улица 1 десен крак во населенoто место Ново Село.
Од ЈП Улици и патишта Скопје велат дека и во наредниот период продолжуваат со интензивните активности за изградба на над 20-тина нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров. дма/нд/

Остани поврзан