• недела, 28 јули 2024

Асфалтирани улици во штипското село Чардаклија

Асфалтирани улици во штипското село Чардаклија

Штип, 6 јули 2022 (МИА) - Асфалтирани се неколку улици во штипското село  Чардаклија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска присуствуваше на градежните зафати истакна дека парите од граѓаните  се инвестираат во инфраструктурата. Тој истакна дека за наредната година ќе бидат предвидени средства за асфалтирање на други улици во ова село, со што жителите ќе добијат нормални услови за живот.

-Започнуваме со асфалтирање на неколку улици и краци во населба Чардаклија. Станува збор за асфалтна маса на површина од илјада метри квадратни, над еден милион пари од граѓаните од Општина Штип. Со ова се надевам дека ќе се подобри инфраструктурата во оваа населба. Се надевам, исто така дека од година во година сите улици кои имаат потреба да бидат реконструирани  ќе бидат завршени, дека најголем дел од средствата кои ги собираме по основ од даноци од граѓаните ќе ги враќаме назад кон граѓаните во капитални проекти, во патна инфраструктура и со тоа да ги подобриме условите во кои живеат нашите сограѓани, вели Јорданов.

Најави дека наредната година ќе се реконструира игралиштето во село Чардаклија и ќе добие тартан подлога, а ќе се работи и на обнова на училишната зграда. вдј/ки/

Остани поврзан