• недела, 28 јули 2024

Асфалтирана улицата „9“ во Трубарево

Асфалтирана улицата „9“ во Трубарево
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) – Денеска продолжи акцијата за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба, при што е асфалтирана улицата „9“ во населеното место Трубарево. - Дадениот збор се исполнува. Асфалтирана е улица „9“ во Трубарево. Акцијата за афсалтирање на локални улици ја опфати и улица „9“ во населеното место Трубарево. Досега се асфалтираа локални улици во Инџиково, Ченто, Јурумлери, Ергеле, Кирил Петрушевски и Трубарево. Продолжуваме и во следните денови, напиша на градоначалникот Стефковски на својот фејсбук профил. Тој замоли за разбирање и трпение од граѓаните. - Молам за разбирање и трпение кај сите граѓани. Имаме план и визија. Инвестираме во патна инфраструктура како никогаш досега. Новото време во Гази Баба ќе донесе улици без кал низ целата општината. За тоа го имате мојот збор, стои во објавата. свс/сп/

Остани поврзан