Асфалтирана улицата „Калин Камен" во Крива Паланка
- Заврши асфалтирањето на улицата „Калин Камен" во Крива Паланка, а активноста се реализираше во рамки на Годишната програма на Општина Крива Паланка за изградба, реконструкција и одржување на
Крива Паланка, 28 април 2020 (МИА) - Заврши асфалтирањето на улицата „Калин Камен" во Крива Паланка, а активноста се реализираше во рамки на Годишната програма на Општина Крива Паланка за изградба, реконструкција и одржување на локална патна инфраструктура.
-Со асфалтирање на оваа улица е решен долгогодишен проблем на жителите од овој дел на градот, а покрај поставениот нов асфалтен слој, напоредно течат активности за изработка на проект за надминување на проблемот со полумостовско решение, со што ќе се поврзе едниот со другиот дел на улицата. Изведувач на работите е фирмата „Лабино трејд" која по завршување на оваа улица ќе продолжи со работа на улица„"Биљинска" во населба Лозаново, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Средствата за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална патна инфраструктура во висина од околу седум милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка.
-За неполни 2,5 години ова е 16-та улица која се реализира од страна на оваа локална власт. Во текот на наредниот период следат уште неколку крупни инфраструктурни проекти, додаде Мицевски. ид/ац/