Асфалтирана улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање
- Со средства од општинскиот буџет е асфалтирана улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, која претставува сообраќајна врска меѓу населеното место Тркање и компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, информира Општината.
Кочани, 17 декември 2025 (МИА) - Со средства од општинскиот буџет е асфалтирана улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, која претставува сообраќајна врска меѓу населеното место Тркање и компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, информира Општината.
Улицата е со должина од 570 метри и ширина од 4,2 метри, со уредени банкини од двете страни, што значително ја подобрува безбедноста и функционалноста на сообраќајот во овој дел од селото.
Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“ од Кочани, а за реализација на проектот од општинскиот буџет се издвоени близу 4 милиони денари.
Наскоро оваа улица ќе биде поврзана со новиот планиран сообраќаен влез во селото Тркање. ис/мд/
фото: Општина Кочани