• четврток, 26 декември 2024

Асфалтирана улицата "Гоце Делчев" во Крива Паланка 

Асфалтирана улицата

Крива Паланка, 2 јули 2024 (МИА) - Заврши асфалтирањето на улицата "Гоце Делчев" во населбата Житен склад во Крива Паланка. Извршена е реконструкција на два дела од улицата со вкупна должина од околу 800 метри.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изврши увид во реализацијата на проектот со кој се инвестирани вкупно 7.500.000 денари.

-Жителите на оваа улица денес чекорат по нов асфалт. Реконструкцијата опфати два дела: едниот со должина од 473 метри, за што се инвестирани 4.800.000 денари од кои: 1.500.000 денари преку Програма за поддршка на Ромите преку Министерството за транспорт и врски, а 3.300.00 денари од Буџетот на Општина Крива Паланка. За вториот дел во должина од околу 300 метри вложени се 2.700.000 денари, обезбедени од Буџетот на Општина Крива Паланка, преку Развојна програма за реконструкција и рехабилитација на локални улици и патишта за 2024 година. Продолжуваме со инвестициите за урбана општина, подобрување на патната инфраструктура, подобри услови за сите граѓани, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Во Општина Крива Паланка тековно се реализира и проектот за реконструкција на петте градски мостови во централното градско подрачје со вкупна вредност од околу 40 милиони денари. ид/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан