Асфалтирана крстосницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци општина Илинден
- Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.
14 ноември 2023
Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.
Со градежните активности се работеше на најоштетениот дел од раскрсницата во должина од околу 200 метри, пришто се изврши целосна замена на тампонската подконструкција на патот, поставен е втор асвалтен слој, а ќе биде поставена хоризонтална и вертикална патна сигнализација.
Оваа раскрсница е клучна во функционирањето на патниот сообраќај во Општина Илинден затоа што ги поврзува силе населени места во Општината и има многу интензивен сообраќај на овој локален пат.
Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации, затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.
Општина Илинден
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.