• среда, 25 декември 2024

Астрит Исени ја презеде функцијата заменик-министер за внатрешни работи

Астрит Исени ја презеде функцијата заменик-министер за внатрешни работи

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Астрит Исени денеска официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. 

-Ми претставува  чест и привилегија да ја извршувам функцијата  заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што нашите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и безбедни, рекол заменик-министерот Исени.

Исто така, Исени истакнал дека неговата посветеност ќе биде максимална во однос на извршувањето на обврските, како и блиската соработка со другите надлежни институции.

Како што информираат од МВР, Исени ќе се ангажира и за продлабочување на соработката со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносните прашања. сст/ац/

Фото: МВР

Остани поврзан