• четврток, 26 декември 2024

АстраЗенека го смени името на вакцината во „Ваксзервија“

АстраЗенека го смени името на вакцината во „Ваксзервија“
Лондон, 30 март 2021 (МИА) - Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ ја преименуваше својата вакцина против коронавирус и сега е наречена „ваксзервија“. Во соопштението, компанијата посочува дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да се запознаат со новото име поради различното пакување и етикета. Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела го одобри новото име на вакцината, кое веќе се најде на официјалната веб-страница на Агенцијата. Денеска беше сменето и на официјалната веб-страница на ЕМА. ЕМА дојде до „јасен научен заклучок“ дека вакцината „АстраЗенека“ е „безбедна вакцина, чија ефикасност во спречување на Ковид-19 е далеку поголема од потенцијалните ризици“. Агенцијата објаснува дека нивниот научен заклучок е дека појавата на згрутчување на крвта по вакцинацијата е „пониска од очекуваната“ кај општата популација и дека „нема зголемен ризик од згрутчување на крвта по приемот на вакцината АстраЗенека“. паг/    

Остани поврзан