• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Астон Вила му нуди на Грилиш плата од 150 илјади фунти неделно

Астон Вила му нуди на Грилиш плата од 150 илјади фунти неделно
Лондон, 30 јуни 2021 (МИА) – Премиерлигашот Астон Вила се обидува да го задржи играчот од средниот ред Џек Грилиш во тимот, пренесува „The Telegraph“. Според британскиот весник, клубот на 25-годишниот Англичанец му нуди нов договор со плата од 150 илјади фунти неделно. Во сезоната 2020/2021, Грилиш забележа 27 настапи за Астон Вила, постигнувајќи седум голови и 12 асистенции. Порталот Transfermarkt.com го проценува играчот на 58,5 милиони фунти. На 26 јуни беше објавено дека Грилиш ги договорил условите за трансфер во Манчестер сити. зс/

Остани поврзан