• среда, 25 декември 2024

Астон Вила донесе три засилувања, двајца од Јувентус

Астон Вила донесе три засилувања, двајца од Јувентус

 

Лондон, 1 јули 2024 (МИА) – Откако Астон Вила во неделата го продаде бразилскиот интернационалец Даглас Луиз на Јувентус, англискиот и италијанскиот клуб договорија нови трансфери.

Младиот 20-годишен англиски напаѓач Самуел Илинг-Јуниор и три години постариот аргентински играч за врска Енцо Баренечеа ќе се преселат од Торино во Бирмингем.

Според англискиот печат, Вила за нив ќе плати 22 милиони евра, за Илинг-Јуниор 14 милиони, а за Аргентинецот осум.

Договорите доаѓаат еден ден откако Јувентус го ангажираше бразилскиот играч за врска Даглас Луиз од Вила на петгодишен договор за сума од 50 милиони евра.

На Вила Парк пристигна и 30-годишниот играч за врска Рос Баркли, кој минатата сезона играше за Лутон. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан