• недела, 24 ноември 2024

Астероид со големина на авион се приближува до Земјата

Астероид со големина на авион се приближува до Земјата
Вашингтон, 18 декември 2020 (МИА) - Астероид со големина на авион се приближува до Земјата, соопшти НАСА. Тој денеска ќе ја помине најблиската точка на нашата планета. Во зависност од конструкцијата, неговиот дијаметар варира од 26 до 52 метри. Најблиската точка на патеката на летот на небесното тело кон Земјата ќе биде на растојание од 6,97 милиони километри. Неговата брзина во овој момент е околу 7,65 километри во секунда. Друг помал астероид исто така ќе помине близу до Земјата. Неговиот дијаметар ќе биде од 5,3 метри до 12 метри. Максималната точка на приближување кон Земјата ќе биде околу 791.000 километри. паг/  

Остани поврзан