• среда, 25 декември 2024

АСОМ: Со одлука на Владата – спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем

АСОМ: Со одлука на Владата – спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Согласно одлуката на Владата донесена на денешната седница, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем, соопшти Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Поконкретно, со одлуката на Владата приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, а согласно истата, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да работат. - Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19, наведуваат од АСОМ. мс/ац/

Остани поврзан