• среда, 20 ноември 2024

АСОМ до пратениците: Ќе се соочите со гневот на 10.000 вработени, отфрлете го Законот за игри на среќа

АСОМ до пратениците: Ќе се соочите со гневот на 10.000 вработени, отфрлете го Законот за игри на среќа

Скопје, 4 октомври 2023

Асоцијацијата на спортски обожувалници (АСОМ) поседува информација дека на денешната Комисија за европски прашања во Собранието насила ќе се обиде да се истурка новиот предлог Закон за игри на среќа кој значи крај на легалната индустрија на игри на среќа и широко ќе ја отвори вратата на сивата економија и криминалот.

Апелираме дека со насилниот обид да се донесе најдеструктивниот закон во историјата ќе се соочите со гневот на 10. 000 вработени во индустријата на игри на среќа кои ќе ги оставите на улица.

Со овој предлог закон Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра.

По донесувањето на незаконската одлука за отпочнување на дискриминирачката постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, сега Владата сака да го истурка и новиот предлог Закон за игри на среќа. Со ова целосно ќе се затвори легалната индустрија и приредувачи, додека Владата преку странски компании ќе го етаблира монополот во организација на онлајн игри на среќа. Овој очигледен план јасно кажуваме дека нема да помине.
Државата тенденциозно скоро една деценија не ги донесува подзаконските акти со кои постоечкиот закон овозможува легалните приредувачи кои се на пазарот да организираат игри на среќа на интернет, иако министерот за финансии беше задолжен да ги донесе за 6 месеци.

Целото ова смислено сценарио на Владата оди во една јасна насока, а тоа е дека станува збор за договорено сценарио со цел да се нанесе силен удар на домашните приредувачи на игри на среќа и да се отвори пазарот за странски однапред договорени компании. Државата свесно не уништува, а со тоа ја доведува во прашање егзистенцијата на 10.000 вработени и индиректно 54.000 луѓе кои живеат од работењето во домашните компании на игри на среќа.

Уште еднаш јасно порачуваме, Законот за игри на среќа кој Владата сака насила да го донесе целосно го отфрламе и го сметаме за неевропски, неуставен и монополски. За нас апсолутно неприфатливи се предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите што значи целосно затворање, забрана за приредување игри на среќа на Интернет, зголемување на давачките и надоместоците, како и измените на Законот кои задираат во веќе постоечките лиценци, бидејќи истите значат колапс за нашата индустрија.
Предлог измените ќе предизвикаат непоправливи  економски штети за целата држава.
Бараме итно од пратениците и Владата:
1) Пратениците да го отфрлат овој штетен предлог Закон за игри на среќа.
2) Да се донесат подзаконските акти кои цела деценија се држат во фиока за домашните
компании согласно актуелниот закон да може да приредуваат игри на среќа и реално да
се либерализира пазарот.
3) Да се поништи незаконската владина одлука која претставува сериозна закана за
домашните лиценцирани приредувачи на игри на среќа, како и итно да се вклучат сите
засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата.
Доколку надлежните не ги послушаат нашите апели подготвени сме на масовни протести
и сериозна борба со цел да ја спречиме тенденциозната ликвидација на легалната
индустрија на игри на среќа.

АСОМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан