• вторник, 24 декември 2024

Асен Василев: Бугарија никогаш нема да преговара со „Газпром“ за нов договор за испорака на гас од Русија

Асен Василев: Бугарија никогаш нема да преговара со „Газпром“ за нов договор за испорака на гас од Русија
Софија, 2 јуни 2022 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за време на блиц-контролата во собраниската комисија за буџет и финансии во Народното собрание изјави дека Бугарија нема да преговара со руската компанија „Газпром“, јави дописникот на МИА од Софија. Василев објасни дека кога Гаспром ќе реши да го исполни договорот со Бугарија, тогаш Бугарија ќе има гас од Русија. Бугарскиот министер за финансии коментира дека Гаспром го стопирал гасот на малите земји со мали количини, чии договори истекуваат релативно брзо. Тој потсети дека руската страна еднострано го прекинала снабдувањето со гас за Бугарија. Според Василев, доколку Бугарија преговара со Гаспром, ќе остане без гас и парно. - Имаме докажан несигурен партнер, рече Асен Василев во однос на Русија. нк/

Остани поврзан