• среда, 25 декември 2024

Асанж ќе може да се жали против екстрадицијата во САД

Асанж ќе може да се жали против екстрадицијата во САД

Лондон, 20 мај 2024 (МИА) - Високиот суд во Лондон денеска му одобри на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж право на жалба против екстрадицијата во САД.

Асанж денеска не се појави на суд поради неговата здравствена состојба, но неговите адвокати истакнаа дека тој не треба да биде екстрадиран во САД, каде е осомничен за масовно протекување на доверливи документи, што потенцијално би го загрозило неговото право на слобода на говор.

Двајца судии треба да одлучат дали се задоволни од американските уверувања дека Асанж (52) може да го искористи Првиот амандман од американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот, додека му се суди за шпионирање. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан