• среда, 25 декември 2024

Асанж пристигна во Австралија

Асанж пристигна во Австралија

Канбера, 26 јуни 2024 (МИА) – Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се врати во Австралија по постигнатиот договор со правосудните власти на САД за признавање на вина за набавување и објавување на американски воени тајни.

Асанж слета во Канбера каде беше пречекан од семејството и новинарите.

- Сега приоритет е Џулијан да го врати здравјето, тој во изминатите пет години беше во ужасна состојба, посочи сопругата на Асанж, Стела.

Родителите на Асанж изразија благодарност што еден тежок период е зад него.

Тој беше ослободен по денешното рочиште во американскиот сојузен суд во Саупан, на Маријанските Острови, американска територија на Пацификот.

Асанж вчера излезе од затворот во Лондон, каде беше од 2019 година и замина од Велика Британија, а претходно седум години престојуваше во Амбасадата на Еквадор во Лондон. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан