• четврток, 26 декември 2024

Асанж и американски владини претставници денеска пред лондонски суд

Асанж и американски владини претставници денеска пред лондонски суд
Лондон, 24 февруари 2020 (МИА) – Претставници на американската Влада и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска ќе се соочат во судот Вулвич Краун во Лондон под зајакнато обезбедување. Сослушувањето ќе се случи една деценија откако Викиликс објави голем број доверливи воени документи. Рочиштето за екстрадирање ќе почне со изјаснување на адвокатите од САД, кои го обвинуваат Асанж за шпионажа, поради што му се закануваат 175 години затвор. Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи. Американското Обвинителство го товари за поврзаност со припадникот на воените разузнавачки служби Челси Менинг, кој хакирал компјутер на Пентагон и објави стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и Авганистан, со што, наводно, бил доведен во опасност животот на американските државјани. Медиумски организации и групи за граѓански слободи, вклучувајќи ги и Амнести Интернешнал и Репортери без граници, сметаат дека обвинувањата против Асанж претставуваат преседан за слободата на медиумите. – Тоа е напад врз новинарството. Единственото обвинение против Асанж, кое се крие зад глупоста за шпионажа, е обвинението против новинарството, изјави грчкиот пратеник Јанис Варуфакис. Приврзаниците на Асанж се загрижени поради неговото здравје, бидејќи нарушена му е физичката и менталната состојба, а страда и од депресија, болки во рамената и забите. Одбраната на Асанж инсистира дека обвинувањата од САД се политички мотивирани, како и дека ќе приложи докази оти во август 2017 година, администрацијата на Доналд Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет. Ако судот се согласи Асанж да биде екстрадиран, последниот збор ќе го има британската Влада. гт/  

Остани поврзан