• среда, 18 декември 2024

Асад: Сирија е способна, заедно со сојузниците и пријателите, да ги победи бунтовниците

Асад: Сирија е способна, заедно со сојузниците и пријателите, да ги победи бунтовниците

Дамаск, 30 ноември 2024 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека неговата земја е способна да ги „победи терористите“, по офанзивата започната во средата од коалицијата на бунтовнички групи во северозападна Сирија, во кои доминираат исламистите .

-Сирија продолжува да ја брани својата стабилност и територијален интегритет против сите терористи и нивните поддржувачи и е способна, со помош на своите сојузници и пријатели, да ги победи и елиминира, без оглед на интензитетот на нивните напади, рече Асад, пренесе сириското претседателство.

Бунтовниците од завчера ја презедоа контролата врз половина од Алепо, вториот по големина град во Сирија, без да наидат на отпор, соопшти вчера Сирискиот Центар за мониторинг на човекови права со седиште во Велика Британија.

Офанзивата е најголемата воена акција против сириската Влада во последниве години и првпат бунтовниците да се борат против силите на претседателот Башар ал Асад во самиот Алепо откако сириската армија со помош на Русија и Иран ги протера во голема офанзива во 2016 година.сд/

фптп:МИА архива

Остани поврзан