• среда, 18 декември 2024

Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“

Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“
Дамаск, 25 февруари 2022 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин ја оцени руската инвазија на Украина како „корекција на историјата“. „Претседателот Асад истакна дека она што се случува денес е корекција на историјата и враќање на рамнотежата на меѓународниот поредок по падот на Советскиот Сојуз“, соопшти кабинетот на Асад. „Сирија е на страната на Русија, бидејќи е убедена во валидноста на нејзината позиција“, оцени Асад, додавајќи дека „противењето на проширувањето на НАТО е руско право“.

Дамаск е лојален сојузник на Русија, која воено интервенира во Сирија од 2015 година, давајќи им поддршка на силите на Асад во борбата против џихадистите.

Според Москва, повеќе од 63.000 руски војници се распоредени во Сирија. Во војната во Сирија загинаа речиси 500.000 луѓе од нејзиниот почеток во март 2011 година. паг/
 

Остани поврзан