• четврток, 26 декември 2024

Арчи не е единствен во кралското семејство без титула

Арчи не е единствен во кралското семејство без титула
Лондон, 11 март 2021 (МИА) - Контроверзните изјави на војводата и војвотката од Сасекс во интервјуто кај Опра Винфри, во коешто Меган Маркл ги посочи проблемите со кои се справувала за време на престојот во британската палата Кенсингтон, фрлаат ново светло врз неа самата, пишува „Хола“. Поранешната глумица зборуваше и за Арчи, кој во мај ќе наполни две години. Таа вели, ѝ било кажано дека детето нема да добие титула, а тоа значи - ни соодветна обезбеденост. Таа, исто така, рече дека одлуката за одрекување од титулата на Арчи не ја донеле тие, туку Кралскиот дворец. Британската Монархија е управувана од Кралскиот едикт издаден од Џорџ Петти во 1917 година со којшто им се припишуваат титули на новите членови на семејството. Според овој документ, само децата и внуците на крал или кралица автоматски ја добиваат титулата принц и принцеза, но и оние од највозрасниот потомок на принцот од Велс (првиот престолонаследник). Таков е случајот со децата на најстариот син на принцот Чарлс - војводата од Кембриџ, Вилијам, а тие се - принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Останатите внуци на престолонаследникот, кои потекнуваат од машката линија на наследство, ќе уживаат во категоријата деца на војвода или војвотка. Арчи Маунтбатн-Виндзор е правнук на кралицата Елизабета Втора и седми по ред за наследување на тронот, но следејќи ги законите на Џорџ Петти, тој не може да се квалификува во категоријата принц затоа што не е потомок на најстариот син на првиот наследник. Откако Чарлс ќе седне на престолот, Арчи може да биде принц, оти во тој случај е директен внук на кралот. Сепак, протоколите може и да се променат, како што беа информирани војводите, од желбата на Чарлс за намалена монархија. Но, ова не е единствениот случај кога член на семејството Виндзор не поседува титула. Децата на принцезата Ана, Зара Тиндал и Питер Филипс, исто така, немаат титула принц. Нешто поинаков е случајот со грофовите на Весекс, Едвард (четвртиот и последен син на кралицата) и неговата сопруга Софија. Кога парот се венчал 1999 година, кралската Бакингемска палата одлучила да му додели на Едвард округот Весекс, а не на Војводството, но и дека може да ја добие титулата војвода од Единбург, по нејзиното ослободување. Поради оваа причина, неговите две деца, лејди Луиз Виндзор (17) и Џејмс, виконт Северн (13), имаат титула деца на грофови и не ја користат титулата принц или принцеза. Случај сличен на оној на Арчи би бил Огист Филип, потомок на принцезата Јуџини и Џек Бруксбанк, чиј син е рангиран на 11-то место за наследување на престолот. Тој во мигов нема никаква кралска титула затоа што е правнук, а не внук на монархот. Војводата и војвотката од Сасекс во интервју за Опра објавија дека второто дете кое го очекуваат е девојче и дека ќе се роди летово. Среде своите, според весникот - противречни изјави, Меган Маркл тврди дека кралското семејство било многу загрижено за бојата на кожата што ќе ја има Арчи и дека нема да му обезбедат заштита како на другите членови на Кралскиот дворец. Сепак, има слични случаи во институцијата, како што се принцезата Јуџини и Беатрис де Јорк, кои во мигов немаат обезбедување платено од даночните обврзници. Овој договор е склучен меѓу семејството, Министерството за внатрешни работи и полицијата во главниот град, бидејќи пошироките членови на Кралската куќа немаат автоматско право на полициска заштита.  си/

Остани поврзан