• среда, 18 декември 2024

Артета им се извини на навивачите на Арсенал за поразот од Брајтон

Артета им се извини на навивачите на Арсенал за поразот од Брајтон

Лондон, 14 мај 2023 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за денешниот поразот од Брајтон (0:3) во Премиер лигата. Тој им се извини на навивачите за играта и го пофали противникот.

 

- Пред една недела застанав овде и се чувствував горд, а денес треба да се извиниме за играта. Тоа беше неприфатливо. Требаше да играме поагресивно. Добро го искористија просторот и не казнија. Секогаш ќе ги штитам моите играчи, затоа јас сум виновен. По ваков пораз на домашен терен, треба да направиме добра анализа, пред да ни се случи слично нешто, истакна Артета.

 

Овој пораз многу веројатно значи крај на амбициите на „Топчиите“ да дојдат до шампионскиот трофеј.

 

Арсенал на две кола пред крајот на првенството заостанува четири бода зад Манчестер сити кој има еден натпревар помалку. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан