• понеделник, 29 јули 2024

Артета: Жезус брза да се врати на теренот, но треба да бидеме внимателни

Артета: Жезус брза да се врати на теренот, но треба да бидеме внимателни

Лондон, 1 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета е претпазлив околу прогнозите за времето на закрепнување на напаѓачот на „Топџиите“, Габриел Жесус. 

- Нема да дадам временска рамка за закрепнувањето на Габриел Жесус бидејќи го направив тоа еднаш и се покажа дека е сосема погрешно. Треба да бидеме внимателни. Тој брза со сите и сака да се врати што е можно побрзо, но мора целосно за заздрави, го цитира Артета, новинарот Фабрицио Романо. 

Дваесет и шестгодишниот Бразилец се повреди на натпреварот против Шефилд Јунајтед (5:0) во 10. коло од Премиер лигата.  

Оваа сезона Жесус одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и направи една асистенција. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан