Артета во проблеми: Парти и Вајт под знак прашалник пред реваншот со Реал Мадрид
- Арсенал одигра уште еден слаб натпревар против Брентфорд во Премиер лигата, веројатно изморени од мечот со Реал Мадрид, но сега доаѓа уште една главоболка за тренерот на тимот од Лондон, Микел Артета

Лондон, 13 април 2025 (МИА) - Арсенал одигра уште еден слаб натпревар против Брентфорд во Премиер лигата, веројатно изморени од мечот со Реал Мадрид, но сега доаѓа уште една главоболка за тренерот на тимот од Лондон, Микел Артета.
„Топџиите“ остварија голема победа против Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар (3:0), но против Брентфорд одиграа само нерешено (1:1), со што дополнително се оддалечија од титулата, но тоа не е најголемиот проблем во моментов.
Бен Вајт не беше во можност да настапи на натпреварот против Брентфорд поради проблеми со повреди, а тоа го потврди и тренерот на Арсенал:
-Не знаеме. Тој не беше во можност да биде во составот за натпреварот денес. Имаме неколку дена, па ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случува, изјави Артета.
Тоа не е крајот на проблемите за шпанскиот стручњак. Томас Парти беше заменет во 69. минута бидејќи почувствува болка, откако Арсенал не сакаше да ризикува.
-Почувствува нешто, па не сакавме да ризикуваме. Не знаеме ништо, се уште не сум разговарал со лекарите, изјави Артета.
Арсенал во среда од 21 часот ќе се соочи со Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. дс
Фото: Архива