• четврток, 26 декември 2024

Арсовски: Потрошени 30.000 евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардиниери во Министерство за политички систем

Арсовски: Потрошени 30.000 евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардиниери во Министерство за политички систем
15 март 2022 

Почитувани,

Непродуктивното трошење во време на сериозна економска криза е практика на работењето на оваа Влада. Наместо антикризни мерки, тие продолжуваат да се луксузираат и да трошат буџетски пари на непродуктивни работи.

Цели 2 милиони евра изминативе месеци СДСМ ги троши на работи без кои што можат да преживеат нивните функционери.

Телефонски услуги во Собранието, режано цвеќе во СОЗР, 1.700 кафиња на ден цела година набавени од СОЗР, златни лажици и вилушки и многу други работи. Сето тоа за личен луксуз на Владата во време на сериозна економска криза за која што од Владата знаеле дека ќе следи и дека ќе ја има.

На пример, министерство за политички систем и вицепремиерот Артан Груби 30.000 евра ги троши на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата. Новоформираното министерство и новопечениот вицепремиер 350.000 денари потпишале тендер за перење на автомобили. За овие пари секоја недела преку целата година треба да се перат најмалку 30 возила. Ниту министерството има потреба од 30 возила секој ден, ниту пак е потребно секоја недела да се перат сите 30 возила, а знак прашалник е дали тоа министерство има 30 возила на располагање.

За ажурирање на веб сајт одвоиле 530.000 денари. Па на толку вработени во МИОА и во министерството во кое што раководи самиот вицепремиер е тотално непотребно да се одвојат дури 7.500 евра за ажурирање на веб сајт, па каков и да е. Пропратно и 400.000 денари се двојат на жардињери и уште 470.000 денари за консултантски услуги за јавни набавки. Сето ова можеле да го завршат институциите на Владата кои што ги имаме во државата, кои што се одговорни и за јавни набавки кои што имаат вработени експерти и за сите останати работи на кои што се трошело пари.

Овие 30.000 евра можеле да ги пренаменат ако сакале за други работи, но, незаинтересираноста за кризата која следела не им била предмет на размислување.

Можеби за оваа Влада и за нив 30.000 евра и не се некои огромни пари, но затоа со овие пари можеле на над 100 социјално ранливи семејства како еднократна помош да им ги поделат за да можат да преживеат одредено време.

Со почит, 
  Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан