• петок, 27 декември 2024

Арсовски: Поддршка од 300 милиони денари за 19.060 тутунари

Арсовски: Поддршка од 300 милиони денари за 19.060 тутунари
Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) - Владата деновиве ќе исплати 300 милиони денари поддршка на 19.060 тутунари во рамки на пакетот за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19. Како што информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, секој тутунар ќе добие по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун од втора класа, како и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. - На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари, со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува две милијарди денари, рече тој. На ваков начин, според Арсовски, се дава придонес за благосостојбата на голем број граѓани, чие производство на тутун е една од главните земјоделски и економски гранки кои имаат важно учество во бруто домашниот производ. фф/дма/

Остани поврзан