• четврток, 26 декември 2024

Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење

Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење
Скопје, 24 август 2022
Повторно молк од институциите во врска со незаконитото работење на Ирина Бухова. Како функционер на власта на СДСМ, Бухова е врзана со низа скандали, при што на обзнанување на последниот за очната болница, си даде оставка за која вели дека ја планирала од поодамна.
Оставката на Бухова е врзана со последниот скандал за кој не спречила диво работење на приватна очна болница во центарот на Скопје, за која нејзината институција издала решение за забрана за вршење оперативни зафати на Промедика офталмологија, а Бухова продолжила одреден период да ги штити.
Затоа, не е доволно само да си поднесе оставка. Мора да се отвори случај, да се утврдат фактите и да сноси секаква одговорност. Министерството за здравство да не молчи повеќе, туку да го испита случајот, бидејќи вака е практично соучесник. Оваа власт предводена од СДСМ од здравствениот систем направи вистински кошмар. Материјалниот и било каков друг интерес на функционерите кои ги раководат институциите во здравството им се далеку поважни од здравјето на граѓаните и непречено функционирање на системот. Оставката на Бухова не значи дека ќе избега од одговорност. Одговорност мора да има за секој кој се огрешил пред законот. Доколку институциите како Министерството за здравство и останатите кои што треба да го испитат случајот се уште молчат, тоа значи дека и тие истите се соучесници. Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан