• четврток, 26 декември 2024

Арсовски: Од власта молк за случајот во Батинци и сите се ставаат во функција на одбрана на агенцијата за обезбедување

Арсовски: Од власта молк за случајот во Батинци и сите се ставаат во функција на одбрана на агенцијата за обезбедување
Скопје, 13 јуни 2022 Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик, агенцијата за обезбедување НИКОБ, ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти, пред да се случи некое најтешко кривично дело во кое би биле вмешани ако продолжат вака. Силата која што ја покажуваат вработените во НИКОБ, а ја црпат од релациите на нивниот сопственик кој што ги има со власта. Очигледно ги преминува сите граници на дело. Еве бидејќи сите молчат изминативе неколку денови, јавно прашуваме и очекуваме одговори и од власта да се охрабри, но и од сите останати институции кои треба да го говорат и истражат ова, дали дел од лицата од скопско Батинци за кои што медиумите пишуваа и за кој што пишуваше во билтенот на МВР, дека извршиле изнуда, држеле лице како заложник и одземале автомобил, а притоа и физички сериозно го нападнале со посериозни последици, се лица кои се вработени во миленикот на СДСМ агенцијата за обезбедување НИКОБ, а еден од тие лица имал и раководна позиција во тој реон, во Батинци? Почитувани, ова е прашање за кое треба да даде одговор и власта и МВР и сите останати, бидејќи со ова земање замав може да настрада некој невин граѓанин. Параполицијата на СДСМ наречена НИКОБ воопшто нема проблем да се однесува како мафијашко друштво. Зошто? Затоа што јасно е дека силата ја црпат од релациите на нивниот сопственик со власта и со фамилијата на власт. Сопственикот на Никоб кој има над 40 милиони евра земено од државата преку тендери за само 4 години и дополнително има бизнис и лиценца за одгледување марихуана кој што Зоран Заев ги штанцаше на нему блиски, јасно е дека е во тесна врска и спрега со власта. Оттаму е и силата. Најпрвин беше Код секјурити една агенција за обезбедување од Струмица која што беше неуспешен проект на Заеви, преку која што ќе можеа да имаат параполиција сега веќе е НИКОБ како долгогодишна агенција заедно со нивниот сопственик кој што одлично се вклопи во нивниот план за параполција. План, кој очигледно прашање на време е кога ќе има некоја сериозна недолжна жртва. Изнуда, киднапирање и заложништво, одземање автомобили и пари се кривични дела кои ги извршиле токму овие луѓе кои што се поврзуваат со НИКОБ од Батинци. Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Ова е начинот на функционирање на СДСМ. Од власта како и секогаш имаме молк, ниту глас ниту ништо, ниту да се спомене ниту да се каже за овој случај и нормално сите се ставаат во функција на одбрана на оваа агенција која очигледно врши терор низ Република Македонија и помеѓу граѓаните. Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан