• среда, 25 декември 2024

Арсовски: Новите антиковид мерки се тотален хаос

Арсовски: Новите антиковид мерки се тотален хаос
Скопје, 12 август 2021

Крајно време е оваа Влада да почне да се справува конечно со пандемијата.

Наместо глупави дискриминирачки мерки од фашистичката матрица на СДСМ, треба да се носат ефективни мерки за справување со корона вирусот.

Замислете, власта го достигна лудилото и тоа со само еден потег.

Велат, само вакцинирани ќе може да одат и да седат во угостителските објекти, а овие невакцинираните не смеат, додека пак кога станува збор за вработените во угостителските објекти што треба да ги служат вакцинираните гости, не мораат да бидат вакцинирани, односно како што велат од владата, сите вработени во угостителските објекти ќе си одат на работа.

Ова е тотална безидејност, тотално лудило и тотален хаос објаснет само во една реченица кој што асоцира на Владата. Ова се фашистички глупави мерки кои никако не смеат да бидат донесени, бидејќи сите граѓани имаат право на избор.

Еве нека одговори Владата, дали во јавниот и меѓуградскиот превоз ќе можат да се возат само вакцинирани и каде ќе седат невакцинираните и дали ќе смеат да се возат. И нормално дали сите возачи на пример како и кондуктерите треба да бидат вакцинирани или не треба, според нивната логика?

Кое е решението на Владата за овие луѓе за меѓуградскиот и јавниот транспорт?

Или на пример кое е решението на Владата за луѓето кои од икс медицински причини, не се многу но ги има високо алергени личности и слични, кои што не смеат да бидат вакцинирани, односно како Владата ќе се однесува со нив? И кое ќе биде нивното право на движење и живеење во општеството?

Еве јавно нека кажат каков е планот и протоколите за целата оваа мерка која што ги ограничуваат граѓаните? Не ги објавуваат, бидејќи ги немаат и самите се свесни дека поголема глупост не можеле да смислат додека седат на плажите на одмор.

Тотален хаос. Филипче и Зоран Заев веќе не знаат каква поголема глупост да направат.

Уште еднаш, апелираме до граѓаните и тоа е наш став, да се вакцинираат доколку имаат можност, бидејќи тоа е единствена опција да се спасиме од овој вирус. Но апелираме и до Владата да ги остават граѓаните да имаат право на свој избор и да прекинат со овие глупави фашизоидни мерки.

Прашање: Зошто нема да има претставник од ВМРО-ДПМНЕ на прославата за рамковниот договор?

Одговор: Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција на одредени луѓе и политички партии.

Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање  на пример проблемот со вода кој што го имаат тетовчани и во тетовско. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на оние авиони за гасење на пожар.

Наместо тоа коалицијата која што е на власт даде предност на криминалот, наместо да го негува соживотот. Најголемата закана за рамковниот договор е токму оваа власта која го дели народот на тие кои се со нив и на оние кој што се против нив.

Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажна грижа за здравјето на граѓаните.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, и Влада која што нема никаков капацитет, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други по паметни цели, од овие политички настани!

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан