• недела, 24 ноември 2024

Арсовски за случувањата со Бугарија: Не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин

Арсовски за случувањата со Бугарија: Не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин
Скопје, 3 март 2021 (МИА) - Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција го повтори ставот во врска со разговорите со Бугарија и последните настани по состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за наводното непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во земјава, дека треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот и оти не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин. -Премиерот имаше став, објаснување за ова во текот на вчерашниот ден. Можеме само да го повториме како Влада. Остануваме на внимателен наратив. Треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот на преговори, вклучително од највисоките носители на функции од двете држави. Она што е најважно е дека не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин, рече Арсовски. Арсовски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе реагира до меѓународната заедница во врска со ваквото вмешување од бугарска страна, рече дека Владата не расправала дали ќе има реакција до меѓународната заедница. ев/ац/

Остани поврзан