• недела, 24 ноември 2024

Арсовска - Тигањ во еколошка акција: Градот Скопје со иницијатива за почиста животна средина

Арсовска - Тигањ во еколошка акција: Градот Скопје со иницијатива за почиста животна средина
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска во Градскиот парк учествуваше во еколошка акција за чистење, како дел од низата акции кои Градот Скопје ги поддржува и реализира во следниот период. На иницијатива на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ и Хрватскиот деловен клуб започна првата еколошка акција за чистење, во чии рамки во Градскиот парк поставени се нови канти за отпадоци како донација од приватниот сектор. - Оваа идеја на Хрватскиот деловен клуб и амбасадорката на Хрватска, е навистина одлична иницијатива за наша заедничка вклученост во вакви еколошки акции, но и начин да ја кренеме свесноста на секојдневните корисници на градскиот парк за потребата да го одржиме паркот чист и убав за сите граѓани да уживаат во пролетното зеленило, истакна Арсовска пред присутните. Хрватската амбасадорка Тигањ, како што соопштија од Градот, истакна благодарност до Градот Скопје и до градоначалничката Арсовска за нејзиното присуство во денешната акција, која е прва ваква акција со вклученост на хрватската амбасада и која е биде мотив и за останати слични еколошки активности. Арсовска им се заблагодари на амбасадорката Тигањ, претседателот на Хрватскиот деловен клуб Драган Ѓоргиевски, како и на над стотината присутни претставници од хрватската амбасада и хрватскиот деловен клуб за нивното залагање во заедничките напори за поубаво и почисто Скопје и истакна дека Градот ќе ја подржи секоја иницијатива за почист град. мс/бк/

Остани поврзан