• среда, 25 декември 2024

Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од човечки фактор, не знаеме колку ќе биде затворен

Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од човечки фактор, не знаеме колку ќе биде затворен

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од несовесни граѓани.

-Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, не само по јавното добро , туку и по животот на нашите сограѓани. и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици и да се најдат сторителите и за истото да бидат санкционирани, рече Арсовски во вечерашното гостување во емисија на ТВ21.

Таа потенцира дека Градот Скопје ќе ги чека анализите и извештаите од МВР и ЦУК за да почне да постапува.

Одговорајаќи на прашањето колку би потраел периодот на затворање на мостот за сообраќај, Арсовска рече дека тоа не зависи од нив.

-Се додека не е 100 процентно безбеден и сигурен за премин од страна на граѓаните и на возилата, не смее да биде пуштен сообраќајот. Пред да бидеме сигурни дека издржливоста и статиката на мостот и да се испита дали е безбеден за премин, не можеме да дадеме одговор, рече Арсовска.

Во петок, Градот Скопје донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила и за движење на пешаци на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт мол, се додека не се утврдат точните штети од пожарот кај мостот „Беласица“.фф/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан