• сабота, 23 ноември 2024

Арсовска: Новиот ДУП да овозможи Скопје да се развива не само рамномерно, туку и хумано

Арсовска: Новиот ДУП да овозможи Скопје да се развива не само рамномерно, туку и хумано

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Греадоначалничкат на Скопје Данела Арсовска вечерва пред одбележувањето на 60 години од скопскиот земјотрес, во изјава за медиуми во однос на урбаното планирање, рече дека сме сведоци дека во изминатите две децении последните два генерални урбанистички планови не биле во целост почитувани.

-Од аспект на оние правила коишто треба да бидат запазени во делот на кој начин треба да се развива и гради Градот Скопје. Она што треба да го направиме во следниот период е поучени од претходните грешки односно од грешките на минатото, да ги вклучиме сите релевантни експерти, сите засегнати страни, сите оние што можат да придонесат, новиот генерален урбанистички план да овозможи во иднина Градот Скопје да се развива не само рамномерно, туку исто така и хумано. Тоа е она на кое што треба да бидеме активно посветени. Сепак, се работи за практично уставот на урбанистичкото планирање на градот Скопје, и тој треба да биде, оној показател, онаа водилка, која што ќе превенира понатаму во иднина да се случат можеби вакви немили настани, рече Арсовска. 

Таа повтори дека нема да дозволи да помине и ДУП-от во Ќерамидница.

-Ние како што најавивме овој ДУП нема да дозволиме да помине. Забелешките што ги имаме на истиот се бројни. Вие секако знаете, и документите ги имате на увид. Исто така на брифингот на којшто ќе бидат повикани сите новинари ќе ги добиете на увид документите, документацијата која што ние како град Скопје ја добивме односно која што ја аплицираше во градот Скопје односно ја поднесе општината Гази Баба, вклучително и овој ДУП којшто и покрај забелешките, сепак не е нешто коешто смееме да дозволиме да помине во Градот Скопје. Се работи за огромен габарит, над стотина илјади метра квадратни, од кои што 70 000 метри квадрати згради, и над 30 000 метри квадрати асфалт. И е нешто што верувам ќе го задуши градот, и е нешто што ќе биде нехумано, а пред се е нешто што нашите сограѓани не го сакаат во градот Скопје, рече Арсовска. сх/нд/

Остани поврзан