• четврток, 26 декември 2024

Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково

Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково
Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) - По повод христијанскиот празник Свети Труфун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваа на традиционалното закројување на лозови насади во скопско Кучково, општина Ѓорче Петров. Традиционално, овој христијански празник се чествува во скопското село Кучково, во манастриот кој е посветен на големиот маченик и исцелител Свети Трифун. Како што информираат од Град Скопје градоначалничката Арсовска го честитала празникот кој секоја година се одбележува во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозарите, посакувајќи бериќетна година за сите.свс/цр

Остани поврзан