• сабота, 28 декември 2024

Средба на Арсовска со делегација на чешкиот Парламент

Средба на Арсовска со делегација на чешкиот Парламент

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со челнови на чешкиот Парламент, кои престојуваат во посета на земјава и кои беа придруживани амбасадорот и конзулот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва и Давид Чернохорски.

Како што соопшти Кабинетот на Арсовска, на средбата е потврдено дека соработката со Град Скопје, која беше интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на бројни квалитетни заеднички иницијативи и проекти, се наведува во соопштението на Кабинетот.

- Со претседателот на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт на чешкиот Парламент, Мирослав Плевни, заменик претседателот на Комисијата за енергетика и транспорт, Онджеј Фебер, претседателот на Поткомитетот за енергетика и транспорт, Михал Кортиш, членот на Комисијата за земјоделство, Ростислав Коштиал како и со Андреа Јонузова, секретар на комисијата, се потенцираше континуитетот на добрите пријателски билатерални односи меѓу Македонија и Чешка, се наведува во соопштението.

Како што се додаваат од Град Скопје, оваа „пријателска средба ќе придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка, како и продолжување на меѓусебната размена на знаења и искуства во повеќе области при реализација на заедничките иницијативи“. бд/сп/

Фото: Одделение за односи со јавност при Град Скопје

Остани поврзан