Арсовска изврши увид на градежните работи на улица во Шуто Оризари
- Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари.
Скопје, 20 јули 2023 (MIA) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари.
-Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува инфраструктурата во општината и се решаваат долгодишните проблеми во овој дел од градот, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Градот Скопје, како што се додава во соопштението, во подготовка е да отпочне со градежни работи и на улицата 50, со што се овозможува подобрување на дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните на оваа општина.
-Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, за нашите сограѓани, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, се посочува во соопштението. дма/са/
Фото: Град Скопје