• недела, 28 јули 2024

Арсовска ги посети Службата за итна мединска помош, полициската станица во Кисела Вода и пожарникарите на Град Скопје

Арсовска ги посети Службата за итна мединска помош, полициската станица во Кисела Вода и пожарникарите на Град Скопје
Скопје, 1 јануари 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новогодишната ноќ ги посети припадниците на Службата за итна мединска помош, полициската станица за општа надлежност Кисела Вода СВР Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. - Новогодишната вечер ја минавме со луѓето кои се грижат за нашето здравје и безбедност, припадниците на Службата за итна мединска помош, полициската станица за општа надлежност Кисела Вода СВР Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Чест ми е што имавме можност да сме со нив вечерва, голема почит за нивната неуморна работа во служба на граѓаните, вели Арсовска на објавата на нејзиниот Фејсбук профил.фф/лв/

Остани поврзан