• недела, 29 декември 2024

Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите

Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција пред почетокот на 27. седница на градскиот Совет побара поддршка од советниците за набавката на новите еко автобуси. 

- На оваа седница од советниците на градскиот Совет бараме поддршка за набавка на новите еко автобуси кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе го заменат старите дотраени автобуси кои не нудат задоволително ниво за услуга на граѓаните, истакна Арсовска. 

Таа посочи дека со набавката на овие автобуси ќе има дополнително подобрување во јавниот превоз преку намалување на трошоците и на негативниот ефект врз животната средина. 

Најави дека денеска пред советниците ќе се најде и одлука за субвенционирање на граѓани и на такси превозници за набавка на нови еко возила на хибриден или електричен погон.

- Овој пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија и со која Градот Скопје ќе субвенционира 200 илјади денари по возило. Овој проект на Градот Скопје е дел од ветувањата на програмата за Модерно Скопје, а во оваа фаза го лансираме како пилот проект со кој се детектираат потребите и интересот на граѓаните за истиот, рече Арсовска. сх/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан