• недела, 01 септември 2024

Арсенал се приклучува во борбата за Мертенс

Арсенал се приклучува во борбата за Мертенс
Лондон, 7 април 2020 (МИА) - Напаѓачот Наполи, Дрис Мертенс, може да се пресели во Арсенал во текот на летото, објави „Скај спортс“. Договорот на 32-годишниот Белгиец со наполитанците завршува за неколку месеци, така што другите клубови можат да преговараат со играчот. Топчиите се подготвени да му понудат солиден договор. Борусија од Дортмунд, Баерн, Манчестер јунајтед и Интер исто така се подготвени да се натпреваруваат за потписот на играчот. зс/

Остани поврзан