• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Арсенал покажува сериозен интерес за Џошуа Кимих од Баерн Минхен

Арсенал покажува сериозен интерес за Џошуа Кимих од Баерн Минхен

Лондон, 28 февруари 2025 (МИА) - Англискиот фудбалски клуб Арсенал покажува сериозен интерес за Џошуа Кимих од Баерн Минхен, пренесе „Скај Германија“. На играчот од средниот ред му истекува договорот и може да преговара со други клубови, но во исто време води разговори и со Баварците.

Доколку биде доведен Кимих, Арсенал ќе пополни сериозна дупка во средниот ред, откако договорите на Жоргињо и Томас Партеи исто така истекуваат. 

Арсенал е втор во англиската Премиер лига, со 13 бода помалку од лидерот Ливерпул и шест пред третопласираниот Нотингем Форест. Шансите на „топџиите“ да ја освојат титулата не се големи, но речиси сигурно ќе бидат во Лигата на шампионите и следната година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан