Арсенал подготвил понуда за Ѓекереш
- Арсенал се наметнува како најсериозен кандидат за потписот на Виктор Ѓекереш и веќе подготвува понуда до Спортинг Лисабон, која официјално ќе биде испратена пред крајот на сезоната, пренесе „А Бола“. Во Лисабон веќе знаат дека „топџиите“ се едни од најзаинтересираните за 26-годишниот напаѓач, за кого лондонскиот клуб е меѓу преферираните дестинации. Иднината на Ѓекереш се повеќе тежнее кон Англија и толку посакуваната Премиер лига.

Лисабон, 10 април 2025 (МИА) - Арсенал се наметнува како најсериозен кандидат за потписот на Виктор Ѓекереш и веќе подготвува понуда до Спортинг Лисабон, која официјално ќе биде испратена пред крајот на сезоната, пренесе „А Бола“. Во Лисабон веќе знаат дека „топџиите“ се едни од најзаинтересираните за 26-годишниот напаѓач, за кого лондонскиот клуб е меѓу преферираните дестинации. Иднината на Ѓекереш се повеќе тежнее кон Англија и толку посакуваната Премиер лига.
Арсенал долго време го следеше шведскиот репрезентативец како да го засили нападот следната сезона, а деновиве „Сан“ објави дека „топџиите“ имаат на располагање 234 милиони евра за да ангажираат тројца играчи ова лето. Напаѓачот на Спортинг е на списокот заедно со играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Субименди и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Лондонскиот клуб го следи и Александар Исак од Њукасл, но на „Емирати“ се гледа на Ѓекереш како поевтина опција која исто така гарантира голови. Потсетуваме, бројот девет веќе има неверојатни 44 гола во 44 натпревари со „зелено-белиот“ дрес оваа сезона и е импресиониран од проектот што му го претстави тимот предводен од Микел Артета. Арсенал е еден од трите англиски клубови на списокот на преферирани дестинации на шведскиот репрезентативец, заедно со Манчестер Сити и Ливерпул.
Надвор од Англија, неговите омилени клубови се Реал Мадрид и Барселона во Шпанија, ПСЖ во Франција и Баерн Минхен во Германија. Неодамна и англиските медиуми објавија дека тој веќе се договорил за трансфер во Арсенал.
И покрај тоа што е поевтин од Исак, Арсенал знае дека ќе мора да се потруди да ја добие битката за напаѓачот на Спортинг. Сумата нема да биде помала од 70 милиони евра. Сепак, Лисабон верува дека наддавањето за него ќе ја подигне цената на трансферот на вредност поблиску до 100 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Виктор Ѓекереш има постигнато вкупно 87 гола за зелено-белиот тим на Спортинг на 94 натпревари. Тој пристигна во Лисабон во 2023 година од Ковентри за 20 милиони евра, плус 4 милиони евра бонуси. Неговиот договор е до јуни 2028 година. дс
Фото: Принтскрин