• вторник, 24 декември 2024

Арсенал подготвен да се раздели со пет играчи претстојното лето

Арсенал подготвен да се раздели со пет играчи претстојното лето
Лондон, 25 март 2021 (МИА) - Во текот на летниот преоден рок, Арсенал сака да ги продаде дефанзивците Хектор Белерин и Давид Луис, играчот за врска Мохамед Ел Нени и напаѓачите Александар Лаказет и Едвард Нкетија, објавија британските медиуми. Договорот на Давид Луиз со Арсенал истекува ова лето и клубот не планира да ја продолжи соработката со 33-годишниот Бразилец. Договорите за Ел Нени, Некетиа и Лаказет важат до летото 2022 година. Ова лето, „Топчиите“ ќе ја имаат последната шанса да заработат одредена сума пари од нивната продажба. зс/

Остани поврзан