Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите откако го совлада Реал
- Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите според Суперкомпјутерот на британска компанија за спортска анализа „Опта“.

Лондон, 9 април 2025 (МИА) - Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите според Суперкомпјутерот на британска компанија за спортска анализа „Опта“.
Избраниците на Микел Артета вчера го совладаа Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот со 3:0.
На другиот вчерашен натпревар Интер го победи Баерн (2:1).
Суперкомпјутерот „Opta“ ги проценува шансите на лондончани за пласман во полуфиналето на 96%, а за освојување на турнирот на 28,4%.
Реал имаат 4% шанси да се пласираат во следната рунда и 1,1% да ја освојат титулата.
Рангирањето на фаворитите за освојување на Лигата на шампионите изгледа вака:
1. Арсенал - 28,4 %
2. Барселона – 22,4 %
3. Интер – 21,1 %
4. ПСЖ – 18,8 %
5. Баерн Минхен – 3,7 %
6. Астон ила – 3,2 %
7. Борусија Дортмунд – 1,3 %
8. Реал – 1,1 %.
Вечер ќе се одиграат првите натпревари во пресметките меѓу ПСЖ и Астон Вила, како и Барселона против Борусија. зс/
Фото: ЕПА